Skip to main content

Потпишан меморандум за соработка

7-ми мај е Ден на македонската полиција

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка во чест на 7-ми мај, Денот на македонската полиција.
 |  инфодеск  | 
Меморандум за соработка

Во чест на 7-ми мај – Денот на македонската полиција, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот го потпишаа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид и полковникот во пензија Добре Велјаноски.

Меморандум за соработка

Според одредбите, меморандумот подразбира унапредување на меѓусебната соработка во областа на безбедноста, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и организација на настани од областа на  безбедноста, јакнење на професионалните компетенции, размена на искуства, знаења, взаемна помош и поддршка на полето на безбедноста, едукација и практична настава од заеднички интерес за членовите и претставниците на двете страни потписнички.

Ветерани