Skip to main content

Одржување на чист и зелен охрид

ЈП Комуналец и НП Галичица потпишаа меморандум

Меморандум за соработка потпишаа ЈП „Охридски Комуналец“, Националниот парк „Галичица“ и невладини организации од Охрид. Соработката помеѓу договорните страни ќе се однесува на заеднички активности и едукација за подигнување на еколошката свест, заштита и унапредување на животната средина, одржување на јавната чистота и справување со депониите на територија на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Комуналец галичица

Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ и Национален парк „Галичица“, потпишаа Меморандум за соработка.

Заедно со сите заинтересирани организации, здруженија, клубови и друштва изразија подготовка да отпочнат соработка на полето на заштита на природата и животната средина, како и одржување на чист и зелен Охрид.

Соработката помеѓу договорните страни ќе се однесува на заеднички активности и едукација за подигнување на еколошката свест, заштита и унапредување на животната средина, одржување на јавната чистота и справување со депониите на територија на Општина Охрид, вклучително и на дел од територијата на Националниот парк „Галичица“.

Активно ќе работиме на промоција на заштитата на животната средина, одржување на јавната чистота и поттикнување, како и подигнување на свеста за заштита на природата, животната средина и активностите во природа – информираа од ЈП „Охридски Комуналец“.