Skip to main content

Свети георгиј победоносец

Божествена Ѓурѓовденска литија денес во Струга

Во присуство на голем број верници, денес во Струга се одржа традиционалната Литија посветена на Свети Георгиј Победоносец.
 |  инфодеск  | 
Струшка литија

Со божествена Ѓурѓовденска литија Струга денес се поклони на патронот Георгиј Победоносец.

Голем број верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица  со чудотворните мошти на светителот и Карниниската икона на Богородица го осветија градот на мостовите.

Силно го излеваат својот благослов овде меѓу нас и придонесуваат за сеопштата радост. Велат сеопшта и сенародна бидејки околу оваа еордија е обединета целата наша земја и соседните простори. Христос Воскресе! – вели Ефимија, монахиња од Рајчица.

Струшка литија

Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови во срцата им се буди духовна радост, ја чувствуваат милоста на светителот.

Сите сме среќни и исполнети и сме сведоци на овој настан, среќна, горда и радосна сум што сум православна христијанка – вели една верничка.

Навистина преубаво е чувството им испраќам на сите љубов, благодат. Христос Воскресна – вели еден верник.

Не само балканска литијата, туку доаѓаат луѓе од Австралија, Америка иселеници кои сакаат да присуствуваат на оваа прекрасна литија се радува Свети Горгиј – вели друга верничка.

Струшка литија

Овој величествен духовен настан, денес една од најголемите литии на Балканот, се негувала пет векови, а е возобновена последниве тринаесет години.

На овогодинешната литија во Струга присуствуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, како и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Струшка литија
Струшка литија

Извор/ОхридНет