ЈУНП „Галичица“ Охрид на 23-ти мај ќе организира Отворен ден на „Националниот парк Галичица и пријателите“.
На овој настан Националниот парк ќе ја презентира својата работа, ќе разговара и дискутира со заинтересирани странки за различни прашања од интерес за заинтересираните страни, за Националниот парк и за заштитата на природата.
Вршителите на дејност ќе имаат можност да извршат промоција на своите активности, а на настанот се очекува да се вкусува и подготвува традиционална храна од страна на претставници на организации од локалното население.
Една од целите на работењето на ЈУНПГ е да применува транспарентност и отвореност во своето секојдневно дејствување, преку искрен пристап на комуникација и соработка со сите заинтересирани страни, поединци, групи, невладини организации итн.
НП „Галичица“ смета дека настан од овој карактер е значаен за установата, но и за сите вршители на дејност и затоа Ве покануваат да ги посетите во просториите на ЈУНП Галичица на Велестовски пат бб, 6000, Охрид, во понеделник. Времетраењето на настанот е од 10:00 часот наутро до 18:00 часот попладне во инфо центарот на Галичица.
Ве информираме дека ќе бидат обезбедени штандови на кои сите заинтересирани страни и вршители на дејност ќе можат да изложат свој промотивен материјал, да споделуваат информации со посетителите и да вршат промоција на своите активности. Исто така, свој штанд ќе има и самата установа на кој ќе можете да се информирате за нашите активности и програми, да се запознаете со некои аспекти од Националниот парк преку промотивен материјал, но и да дадете свои предлози, поплаки, забелешки и идеи или директно на претставник на установата или во Кутијата за предлози и поплаки која ќе биде поставена. Ве замолуваме своето присуство да го потврдите најдоцна до 13-ти мај, со цел подобра логистичка организација на настанот – велат од НП „Галичица“.