Во организација на Велосипедска Федерација на Македонија, викендов во Охрид се одржа велосипедската трка „Куп на Македонија – Охрид“.
Стартот на трката во друмски велосипедизам беше кај „Горица 2“, а целта кај тениските игралишта во близина на вила „Билјана“.
Технички организатори на овој напревар беа велосипедскиот клуб „Шампион систем“ од Охрид и велосипедскиот клуб „Спид бајк“ од Кичево, под покровителство на Општина Охрид.