Skip to main content

Заменик амбасадор на кралството холандија во македонија

Н.Е. Роберт Декер во посета на Охрид

Заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Н.Е. Роберт Декер е во посета на Охрид и оствари средба со градоначалникот Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Холандски амбасадор Општина Охрид

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Н.Е. Роберт Декер. Тема на разговор беше продлабочување на соработката во областа на туризмот. Потенцирано беше дека традиционално Охрид и Кралството Холандија имаат добра соработка во туризмот.

Градоначалникот ги запозна гостите со плановите за развој на градот и унапредувањето на услугите во туризмот. Се разговараше и за организирање на промотивни активности во Кралството Холандија со цел доближување на убавините и туристичката понуда на Охрид до холандските туристи. На средбата се зборуваше и за организирање средби помеѓу туристичките работници од Охрид и Холандија со цел разменување на искуства, особено во развојот на алтернативниот туризам.

Холандски амбасадор Општина Охрид

Заменик амбасадорот беше информиран и за процесот на спроведување на препораките од УНЕСКО и за идните чекори кои градот ќе ги презема во оваа насока. Тој изрази поддршка во намерата за зачувување на статусот во УНЕСКО.

По завршување на средбата, заменик амбасадорот оствари средба со туристичките работници од Охрид и со претставници на ХОТАМ.