Билтен мвр
Казна затвор за лице од Велешта
28-годишен жител на Велешта е приведен за издржување казна затвор. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор-Струга.
На 07.05.2022 во 14:50 часот во с. Враништа, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта, врз основа на наредба од Основен суд Струга го привеле П.И.(28) од с. Велешта, струшко, за издржување затворска казна од една година.
Во 15:20 часот лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната – информираат од МВР.


