Градски плоштад охрид
Презентирани туристичките потенцијали на Црна Гора
На градскиот плоштад во Охрид, беа презентирани туристичките потенцијали на Црна Гора. На настанот присуствуваше и градоначалникот Пецаков.
На градскиот плоштад во Охрид се одржа промоција на туристичките потенцијали на Црна Гора.
Туристички работници од Котор, Будва, Херцег Нови и други туристички градови со музика, флаери, промотивни каталози, ги промовираа потенцијалите на сопствената земја.
На настанот присуствуваше и градоначалникот Кирил Пецаков, кој оствари средба со Јован Ристиќ, претседател на Туристичката комора на Котор.
Беа доделени и награди за посета на Будва и Котор на неколку охриѓани.


