Дигитализација на Институтот за македонски јазик
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили , заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ја посетија компанијата Инбокс, која започна со реализација на проектот „Отсекогаш, сега и засекогаш” во рамките на јавниот повик на „Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков”, кој го спроведе ФИТР во соработка со Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Со овој проект, за прв пат ќе се овозможи дигиталитализација на повеќе од пет милиони оригинални записи, стари над петстотини години, со кои располага Институтот „Крсте Мисирков”, со што значајно ќе се промени достапноста на содржините за сите корисници и ќе се подобри заштитата на изворите на македонскиот јазик, во сите можни сценарија, трајно и засекогаш.