Skip to main content

Здравство

Репродуктивното здравје сеуште е табу тема

Поразителни се информациите кои зборуваат за тоа колку сексуалното и репродуктивното здравје во нашата држава сеуште за жал се табу тема.
Репродуктивно здравје мобилна амбуланта

Поразителни се информациите кои зборуваат за тоа колку сексуалното и репродуктивното здравје во нашата држава сеуште за жал се табу тема. Едукацијата на младите е создавање основа за долгорочни здравствени и развојни придобивни за поединецот, семејствата и заедниците. Децата од училишна возраст, од 5-12 години, треба да ги научат основите на пубертетот,да ги препознаат секундарните полови промени и да ги доживеат како нормални и здрави, а тинејџерите треба имаат основни информации за бременоста и сексуално преносливите болести. Податоците од терен зборуваат дека иако податоците од терен велат дека малолетничката бременост кај нас бележи опагање, бројките за жал сеуште се големи, вели Проф.д-р Глигор Тофоски од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

„Најмалата малолетничка што имала абортус кај нас е на 13 годишна возраст што исто така е еден поразителен факт, меѓутоа тоа треба исто да се објасни и претходно, тука најверојатно голема е улогата на сексуалното образование во училиштата треба да биде еден од параметрите кој ќе допринесе за тоа да се подобри“ – вели Проф.д-р Глигор Тофоски – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

Иако преку имплементација на проектот “Безбедни и иновативни услуги за време на Ковид-19”, мобилните гинеколошки амбуланти им беа достапни на жените во руралните средини во Македонија, поточно онаму каде жените немаат можност за редовна здравствена грижа, најмал одзив за услугите имаме токму од адолесцентите од 15 до 24 години како и од младите сексуално активни жени до 30 години, особено во источниот дел од земјава, велат истражувањата на Асоцијацијата на гинеколози.

Репродуктивно здравје мобилна амбуланта

Мобилната гинеколошка амбуланта е креирана со огромна доза на приватност и висока професионалнсот. Компетентни се сите влклучени во прогледите, а тоа с ултразвучни прегледи во текот на бременост, гинеколошки превентивни прегледи и сето тоа во модул во електорнското здравство е ставено како посебен термин, која не само сега , туку и понатаму ќе остане зошто секогаш ќе има одредена ранлива категорија, која од одредени различни причини нема да сака да се јави па дури и во руралната амбуланта“ – кажаПроф. д-р Ана Данева – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

Целта и потребата од одбележување на Неделата на женското здравје е да се срушат стигмите и бариерите што девојчињата и жените ги имаат за своето репродуктивно и сексуално здравје, да се подигне свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи во превенцијата на петте главни типови на гинеколошки карциноми, да се истакне значењето од континуираната едукација какои да се обезбеди поактивно учество на мажите во сексуалното и репродуктивно здравје.