Skip to main content

Пријавени се повеќе повредени лица

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија

Над 10 лица се повредени во голем пожар кој избувна утринава во хемиската фабрика „Меламин“ во градот Кочевје, Словенија.
 |  инфодеск  | 
Пожар во хемиска фабрика во Словенија

Eксплозија, придружена со пожар, одекнала утринава во хемиската фабрика „Меламин“ во центарот на градот Кочевје. Според неофицијалните информации што ги објави Н1, повикувајќи се на Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи, велат дека во несреќата се повредени над 20 лица, од кои две се со потешки повреди. Тешко повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Љубљана.

Точната причина за експлозијата засега не е утврдена, но според неофицијалните информации на Радио Словенија, експлодирал бојлер во фабриката.

Експлозијата ја почувствувале и станарите од околните згради, а зградата на фабриката е сериозно оштетена, јави Н1 и додаде дека пожарникарите го локализирале пожарот што избувнал по експлозијата.

Полицијата била известена за експлозијата во центарот на градот Кочевје во 8:35 часот, по што службите за интервенција пристигнале на местото на несреќата.

„Им советуваме на сите жители во околината да ги затвораат прозорците и да не излегуваат надвор за време на интервенцијата. Исто така, не треба да се приближуваат до местото на настанот“

велат од полицијата, а јави Н1.

Како што соопштила полициската управа во Љубљана, главниот пат низ Кочевје е затворен, а Универзитетскиот медицински центар Љубљана активирал план за масовни несреќи.

Локалната телевизија ТВ Кочевје на својот фејсбук-профил објави видео од опожарената фабрика каде што пожарот го локализираат противпожарните служби.

Погледнете го видеото на следниот линк:

https://www.facebook.com/watch/?v=527645912318706