НУ „Завод и Музеј“ Охрид склучи договор за соработка со Центарот за истражување на праисторијата од Скопје. Соработката е со цел афирмација и популаризација на праисториското културно наследство од Охридскиот регион.
Првата активност во рамките на оваа соработка е одржување на концерт на џез бендот „Next to Silence“, кој ќе се одржи на реконструираната наколна населба во рамки на Музејот на вода кај Градиште, со што ќе започнат активностите за популаризација на овој исклучително значаен локалитет од праисториските времиња.
Концертот ќе се одржи на 22-ри мај 2022 година во 13 часот. Сите посетители кои купиле влезница за посета во Музејот на вода ќе може да уживаат во џез звуците на бендот „Next to Silence“ без дополнителна доплата.