Зголемен број пациенти во Здравствениот дом Вевчани
Наплив на пациенти во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски” во Вевчани. Охридската и струшката болница со месеци функционираат со блокирани сметки, кубурат со лекови и реагенси, па охриѓани и стружани ги користат здравствените услуги во Вевчани.
Најголем дел од пациентите, во Вевчани прават сецијалистички прегледи и испитување во клиничката лабараторија по биохемија.
„Тендинцијата на зголемување на бројот на пациенти посебно во специјалистичките и лабараторијата е забележлива после јануари годинава. Забележливо е дека имаме голем број на пациенти од Струга и Охрид, што претходно ги немаше.Ние имавме пациенти традиционално од Дебар.”, – вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.
Во Здравствениот дом во Вевчани редовно ги има сите реагенси за биохемисхи испитувања.
„Најголем дел е во биохемиската лабараторија, бидејќи ние сме снабдени со реагенси ги имаме константно. Иситувања Лу1, Лу2, алерготестови, тестови за корона, антиген тестови, една голема ппалета на услуги. Ние имаме клиничка биохемија. Ги покриваме сите видови на иситувања кои што се сецијалистички. Исто така и рентгенот извонредно работи”, – додава Стојкоски.
Здравствениот дом во Вевчани доби два нови лекари сецијалисти физијатар и офталмолог , со што се отвараат нови одделенија.
„Отворивме кабинет по физикална терапија, имаме доктор специјалист физијатар, а овој месец плнираме да отвориме и кабинет по офтолмологија. Процесот за набавка на опрема е во тек, мислам дека до крајот на месецот ќе завршиме а докторот сецијалист ја заврши сецијализацијата о офтолмологија”, – додава Стојкоски.
Следната година јавната здравствена установа ќе добие и дерматолог. Во Вевчани нема недостиг на лекари специјалисти,од 90 вработени 25 % се доктори, а останатите медицински персонал.
Новинар Соња Рилковска