ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од 15-ти мај до 5-ти јуни, Градскиот стадион, односно фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење.
Имено, во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште – велат од Јавното претпријатие.
Од ЈП “Билјанини Извори” и во наредниот период ќе бидат фокусирани согласно годишната програма за подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието.