10 одобренија за градба се издадени во Охрид во месец март годинава, објави Државниот завод за статистика. Од нив за 7 градби како инвеститори се јавуваат физички лица, а 3 одобренија се издадени на деловен субјект.
Во Струга издадено е само едно одобрение за градење на физичко лице. Во Охрид бројот на станови расте, иако бројот на население се намалува. Според податоците од пописот 2021 година кои беа објавени од Државниот завод за статистика во март годинава, бројот на станови пораснал за 15,52%.
На ниво на државава во март годинава издадени се вкупно 373 одобренија за градење, што е за 10,4 отсто повеќе во однос на март минатата година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 182 или 48.8 % се наменети за објекти од високоградба, 69(18.5%) за објекти од нискоградба и 122 (32.7 %) за објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 м2.