Најмалку пет лица се повредени во регионален воз во Германија откако маж со иранско потекло ги нападнал со нож, соопштија властите.
Министерот за внатрешни работи на регионот Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл изјави дека 31-годишниот напаѓач е под истрага за потенцијален екстремизам од периодот кога живеел во бегалски хостел во 2017 година, но дека мотивот за нападот сеуште не е утврден.
Четворица од повредените се пренесени во болница поради повреди на рацете, лицето и главата, додека едно лице е прободено со нож во стомакот. Ниту еден од нив не е во животна опаснот, објави АП. Повреден е и напаѓачот кој е пренесен на клиниката.
Германската новинска агенција ДПА ги цитира обвинителите во Ахен дека сеуште немаат цврсти докази дека нападот бил мотивиран од исламизам, пренесуваат медиумите.