Нарушен јавниот ред и мир
Караница меѓу две лица од Лескоец
Двајца жители на селото Лескоец го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатување вербални закани еден кон друг.
На 13.05.2022 година во 17:40 часот, на локален пат во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир. И тоа со агресивно однесување и упатени вербални закани од С.Т. кон П.А. (70), двајцата од истото село.
Против нарушителот, ќе биде поднесена соодветна пријава– информираат од СВР Охрид.


