Skip to main content

Опојна дрога

Жител на Лабуништа фатен со кокаин во Охрид

Жител на струшкото село Лабуништа е фатен со кокаин во Охрид. Тој е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Кокаин

На 15.05.2022 година во 02:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид-одделение за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода М.А. (28) од струшкото село Лабуништа.

При преглед извршен на булеварот „Железничка” во Охрид, кај него пронајдена и одземена е кеса со опојна дрога Кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.