Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ успешно е реализиран уште еден проект на тема ,,Антикорупциска едукација на млади”. Во рамки на проектот беа извршени низа работилници, презентација и дебата на тема корупција/антикорупција.
Исто така, беше спроведен анкетен прашалник помеѓу ученици од четврта и трета година, со цел утврдување колку младите се запознаени со конкретната тема и изнесување на клучните елементи преку хамер-изработка.
Во рамки на проектот беа вклучени група на ученици од четврта и трета година, економско –правна и трговска струка. Ментори на проектот: Надица Речкоска-професор по Право, Весна Спасеска-психолог, Билјана Мартиноска-професор по Социологија.