Општина дебрца
Заврши реконструкцијата на игралиштето во Мешеишта
Вредноста на договорот за реконструкција на фудбалското игралиште во Мешеишта е 1.359.537 денари. Средствата ги обезбеди Општина Дебрца.
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески на фејсбук информираше дека е завршена реконструкцијата на фудбалското игралиште во с. Мешеишта.
Вредноста на договорот е 1.359.537 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината. Продолжуваме да инвестираме во спортот – напиша Ногачески.




