Мониторинг на православното културно наследство
Започна проектот „Мониторинг на православното културно наследство“. Стручните тимови на ИКОМОС Македонија започнаа со своите теренски активности во рамките на проектот.
Тимот кој ќе прави мониторинг на православното наследство во Скопската и Повардарската епархија започна со оцена на состојбата на црквите и манастирите во Велес и велешко.
На 5 мај 2022г. во дворот на манастирот Св.Пантелејмон во Нерези беше означен официјалниот почеток на проектот. Настанот беше организиран од страна на ИКОМОС Македонија кој е и носител на проектот и МПЦ-ОA.
Двогодишен проект со наслов „Мониторинг на православното културно наследство“ е наменет за заштита на недвижното православно културно наследство (цркви и манастири).
Македонија е исклучително богата со културно наследство кое датира од далечните праисториски времиња, па сѐ до модерното доба. Најамблематично, најпрепознатливо, највредно и најбројно е православното културно наследство, односно нашите цркви и манастири. Во оваа насока е и проектот „Мониторинг на православното културно наследство“. Главна цел е да ја утврди состојбата на зачуваност и потребите од заштитни интервенции на црквитe и манастиритe во Македонија.
На отворањето се обрати и директорот на Управата за заштита на културното наследство, г.Аријан Асланај. Тој го изрази своето задоволство и поддршка за отпочнувањето на овој голем проект и додаде дека добиените резултати. Резултатите ќе бидат од големо значење и ќе придонесат во понатамошната работа во заштитата и промоцијата на православното културно наследство.
Присутните ги поздрави и Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во РС Македонија. Таа ја потенцираше поддршката која САД ја дава изминатите години за заштита на културното наследство во нашата земја.
„Културното наследство е прашање на идентитет на тие на кои припаѓа, тимот кој работи на проектот ќе даде огромен придонесза црквата и за светот. Нивната работа ќе помогне да се поведе грижа дека секој може да научи и подобро да ги разбере овие бесценети остатоци од културното наследство. САД досега имаат дадено повеќе од 1.5милиони долари во изминативе 20 години. Благодарение на овој проект, ќе можат да се заштитат многу повеќе”, – рече амбасадорката Брнз.
Проектот, ќе го спроведуваат стручни членови на ИКОМОС Македонија организирани во теренски тимови. Во оваа фаза предвидено е да направат увид и проценка на актуелната состојба на 700 цркви и манастири во сите осум епархии на МПЦ-ОА кои се на територијата на државата. Мониторингот ќе биде спроведен од пет теренски тимови. Ссоставени од искусни експерти од различни професии и млади професионалци кои членуваат во ИКОМОС Македонија.
Теренските податоци од мониторингот ќе се прибираат според посебно креирана методологија базирана на најдобрите светски практики и препораки за мониторинг на културно наследство . Истите ќе се слеваат во специјално дизајнирана база на податоци која ќе биде виртуелно достапна за јавноста. Воедно, врз основа на наодите од мониторингот, ИКОМОС Македонија ќе даде и препораки и насоки за потребните идни заштитни и превентивни интервенции.
Со мониторинг на Манастирот Св. Пантелејмон, се означи официјалниот старт на теренската работа во рамките на проектот. Проектоте во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД.