Skip to main content

Кривична пријава за охриѓанец

Вршел јавен превоз без лиценца

Кривична пријава за 53-годишен охриѓанец поради вршење јавен превоз без поседување на лиценца, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.С. (53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.

При контрола во патниот сообраќај, извршена на 26.04.2022, во 09:25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициските службеници сопреле такси патничко моторно возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот. Притоа, констатирале дека тој нема извод и лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган – се вели во соопштението на СВР Охрид.