Дебрца
Започна чистењето на крајпатната вегетација во Дебрца
Службите на ЈПКД Дебрца за одржување на чистота на јавни површини при Општина Дебрца започнаа со чистење на крајпатната вегетација.
Службите на ЈПКД Дебрца и ангажираните лица за одржување на чистота на јавни површини при Општина Дебрца започнаа со чистење на крајпатната вегетација.
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, на својот официјален фејсбук профил, напиша дека согласно планот за работа предвидено е во текот на месец Мај да бидат исчистени комплетно сите прометни патни правци во сите населени места во оваа општина.