На 19.05.2022 во 16:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми ноември”, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Охрид, удрил во пешак С.Ш. (53) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо” – Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.