Кина ослободи 1200 тибетанци
Кина ги информираше Обединетите нации дека ослободила над 1.200 лица уапсени за време на минатогодишните демонстрации на Тибет.
| Крсте Голабовски | Свет
Ласа
Кина ги информираше Обединетите нации дека ослободила над 1.200 лица уапсени за време на минатогодишните демонстрации на Тибет.
Во писмениот одговор до Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација, кинеските власти наведуваат дека 1.231 лице се ослободени.
Притоа се прецизира дека осомничените претходно биле казнети, дека потоа се покајале и дека биле „превоспитани“.
Бран антикинески демонстрации го потресоа Тибет во пролетта 2008 година, но истите беа угушени од кинеските власти.
{loadposition content9}