Skip to main content

Плоштад Крушевска Република

Во тек е хуманитарна продажна акција во Охрид

На плоштадот кај Чинарот, во тек е хуманитарна продажна акција, во организација на Црвен Крст Охрид и компанијата „Комфи Ангел“.
 |  инфодеск  | 
Хуманитарна продажна акција

На плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во тек е голема хуманитарна продажна акција. Истата е во организација на ОО Црвен крст Охрид и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.

Акцијата ќе трае до 17 часот, а изложени се надалеку познатите производи на „Комфи Ангел“, постелнини, перници, јоргани, душеци и др. Посетителите имаат единствена можност производите да ги набават по промотивно-хуманитарни цени.

Хуманитарна продажна акција

Дел од собраните средства ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани во Охрид. Но, дел ќе има и за бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот град, велат од Црвен крст. 

Хуманитарна продажна акција

Фото/ТВМ