Skip to main content

Екологија

На секој жител по една депонија во струшко Луково

Диви депонии ги дочекуваат посетителите на селото Луково. Општинското комунално претпријатие не го собира отпадот од селото.
 |  Голабовски Крсте  | 
Депонии Луково

Диви депонии ги дочекуваат посетителите на селото Луково кое се наоѓа на дваесетина километри од Струга. Општинското комунално претпријатие не го собира отпадот од селото. На поголем дел од жителите најлесно им е да го фрлаат на падините на планината Рујница или по течението на Црн Дрим.

Депонии Луково

Состојбата во Луково се пресликува во голем број села во Македонија. Иако дивите депонии се директна закана за природата и за населението, политичарите триесет години од осамостојувањето на државата не најдоа формула за решавање на проблемот со несоодветното одлагање отпад. Денес, формирањето на регионални депонии се‘ уште звучи како научна фантастика“ – стои на Фејсбук страната на Државниот санитарен инспекторати порталот doma.edu.mk.

Еднa од главните причини за ваквата состојба е што селото не е поврзано со општинскиот комуналниот систем. Односно таму не се собира отпадот од домаќинствата, па жителите го одлагаат во околината.

Од струшкото комунално претпријатие велат дека за таква услуга треба да се склучи договор со месната заедница. Од Министерството за животна средина (МЖСПП) пак, велат дека надлежноста за постапување за сметилишта е на локалните самоуправи.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди поволни средства во вредност од над 200 милиони евра за реализација на регионалните проекти за управување со отпад. По Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад се обезбедуваат 55 милиони евра со рок на отплата од 15 години. Минатата година беа побарани овие средства за изградба на регионалните депонии од Министерството за животна средина и просторно планирање“ – пишува агенцијата Мета.

„Целта на овие средства е да помогне на земјата во развојот на регионалните системи за управување со отпад во одредени региони на Република Северна Македонија, односно воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион,“ – пишува агенцијата Мета.