Свр охрид
Маж пронајден мртов во хотелска соба
Маж од Косовска Митровица е пронајден мртов во хотелска соба во Охрид. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, велат од СВР.
На 22.05.2022. година околу 09 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во соба од хотел во Охрид, пронајдено е починато лице, без траги на насилство.
Од извршениот увид констатирано е дека се работи за Р.Т.(64) од од Косовска Митровица чија смрт, е потврдена од лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција – се вели во соопштението на СВР Охрид.


