Skip to main content

Атлетика

АК Охрид Трчат на Државно првенство за пионери

Атлетичари од АК „Охрид трчаТ“ учествуваа на Државно првенство за пионери кое изминатата сабота се одржа во Скопје.
 |  инфодеск  | 
Охрид трчаТ атлетичари

Во Скопје се одржа Државно првенство за пионери на кое АК “Охрид трчаТ” учествуваше со своите атлетичари.

На натпреварот позабележителни резултати постигнаа следните атлетичари:

Александар Камнароски прво место на трката на 100 метри

Александар Камнароски второ место скок во далечина

Јана Димоска прво место на 100 метри

Јана Димоска второ место скок во далечина

Ангела Ѓоршеска трето место на дисциплина 600 метри

Теодор Манчески трето место дисциплина фрлање копје.

Во женска конкуренција штафетата 4×100 во состав Калина Анѓелоска, Софија Коруноска, Тамара Чолеска и Јана Димоска го освои првото место. Како клуб им честитаме на сите атлетичари за нивното учество и постигнати резултати посебно за нивниот тимски дух и однос кој го покажуваат меѓусебе и кон спортот – вели Иван Цветскоски од АК „Охрид трчаТ“.