Си беше еднаш во Србија премиерно во Охрид
Српскиот филм „Си беше еднаш во Србија“ ќе се прикажува во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Проекциите на филмот се закажани за среда и четврток со почеток во 20 часот.
Во оваа 2022 година тоа е еден од најгледаните филмови во регионот.
Филмот „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонко Шимунец, е приказна за Лесковац, „српскиот Манчестер“, кој станува дел од Европа помеѓу двете светски војни. Остварувањето зборува за вистинските вредности, пријателствата кои опстојуваат и искрената љубов. Начин на кој двете големи љубовни приказни и подготвеноста да се поднесе жртва во име на соништата, го означија патот и ја отворија вратата кон иднината.
По талкањето низ светот, во 1922 година, двајцата пријатели Дине и Цоне се враќаат во родниот крај, малиот град на југот на Србија. При пристигнувањето во запуштениот Лесковац, Дине го затекнува своето руинирано кино, а Цоне сопствениот погреб!
По војната, Дине (Немања Оливериќ) по некое чудо ќе се најде во Париз каде што учи за убавините на животот во голема метропола, ги запознава убавите парижанки и го открива новиот медиум – филмот. Цоне (Виктор Савиќ) по ранувањето и амнезијата завршува во Манчестер, тогашната престолнина на индустрискиот развој, каде што ќе научи дека само низ црниот фабрички чад и напорната работа се стигнува до успех.
Галеријата на блескави филмски ликови ги толкуваат најпопуларните српски актери: Виктор Савиќ, Слобода Миќаловиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Радован Вујовиќ, Немања Оливериќ, Теодора Ристовски и многу други.