Охрид домаќин на третата интернационална конференција „Перспективите на балканската археологија“ која ќе се одржи од 25-28 мај.
Во фокусот на овогодинешната конференција „Перспективите на балканската археологија“ (ПеБА) ќе биде „Механизмот на моќта во бронзеното и железното време во Југоисточна Европа”.
Интересот за научното истражување на темата елита и моќ во Југоисточна Европа започнува со откривањето на т.н кнежевски гробови и извонредните наоди пронајдени на некрополата Требениште и висорамнината Гласинац кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век.
Конференцијата е во организација на врвни научници од областа на археологијата од Европа. Помеѓу учесниците на третата по ред ПеБА има претставници од Австрија, Албанија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Чешка, Швајцарија и Македонија.
Настанот е поддржан од Универзитетот за информатички науки и технологија, Св. Апостол Павле во Охрид, Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија.