Skip to main content

Центар за култура браќа миладиновци

Театарската претстава за деца Хајди во Струга

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, сабота со почеток во 20 часот ќе се одигра театарската претстава за деца „Хајди“.
 |  инфодеск  | 
Театарска претстава Хајди

Оваа сабота со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одигра театарската претстава за деца „Хајди“. Драматизација и режија е на Ристе Миладин, а во претставата играат членовите на драмското студио Миладин:

Хајди – Матеја Миладинова, Дедото – Милан Блажески, Дета – Дафина Дејкоска, Мина – Адријана Клечкароска, Петре – Христо Дејкоски, Бабата – Бранкица Петковска, Клара – Емилија Спасеска, Таткото – Даниел Спироски, Гувернантата – Михаела Касниоска, Силва – Анастасија Дејкоска, Нараторот – Даниел Шикоски.

Театарска претстава Хајди

Влезот ќе чини 80 денари, а претставата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Македонија.