Skip to main content

Литература

Поетот Валерио Орлиќ на турнеја низ регионов

Неговата посета на Охрид, Валерио ја искорсти да го промовира неговото творештво пред љубителите на пишаниот збор.
 |  Голабовски Крсте  | 
Валерио Орлиќ

Валерио Орлиќ , хрватски поет роден во Ријека, деновиве во Охрид ја промовира неговата најнова збирка поезија “Љубов распослана по морето”. Вљубеник во убавината и животот, вистински верник во поезијата и добар познавач на балканската книжевна сцена. Неговите размислувања за поезијата се отсликуваат и во неговите стихови преведени на дваесетина јазици во светот. После пауза од две години поради пандемијата, време е уметноста повторно да го заземе своето место во светот, ќе каже Орлиќ.За Охрид вели дека е град кој со својата убавина никого не остава рамнодушен.

„Јас веќе и пишував песни за Охрид и за убавините на Македонија и тоа е тоа. Кога човек патува пишува за она што ќе му остави траг во душата а Охрид ја има таа убавина, да ве допре малку подлабоко за да можете да создавате креативно. Јас кога овде би живеел малку подолго, би бил поплоден писател, отколку што сум денес. Веројатно повеќе песни би напишал, отколку што досега имам напишано“ – вели Орлиќ.

Орлиќ денеска имеше поетски настап пред љубители на пишаниот збор во НУ Градска библиотека Григор Прличев во Охрид. Тој неговата најнова збирка поезијаја промовираше неодамна во Скопје . Беше специјален гостин на чествувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, мегу етничките Македонци во Албанија. После големата турнеја по Македонија и Албанија, Орлиќ ќе биде гостин на 21-те по ред “Јадрански книжевни средби” во Црквеница, Хрватска.

„Самата уменост и поврзувањето на народите преку уметноста и книжевноста го збогатува не само индивидуалниот дух туку и духот на еден народ. Имено тоа се тие некои врски преку кои учиме за културите на другите. Да бидеме тоелрантни кон другите, ги прафаќаме нивните разлики. Мислам дека поезијата е пред политиката, пред се останато.Тоа е таа поврзаност. Самиот овој регион, па Охрид, делува како да е сместен некаде во Далмација, или на некој од островите. Така тој дух на морето, во злучајов езерото, па дури и оваа архитектура околу нас потсетуваат на убавите краишта на Хрватска. хрид има традиција да го посетуваат и книжевници и гости“ – објаснува хрватскиот поет.

Орлиќ е добитник на низа домашни и меѓународни признанија за неговиот придонес во книжевноста на Балканот и во Европа.Добитник е на Мегународната награда „Хомер“ за придонес во европската и светската книжевност – Брисел, 2018. Кај нас на „Балканската награда за поезија“ на 46-ите “Караманови средби” во Радовиш (2019), како и на „ Струшко слово“ – Струга, 2015 и „Слово“ – Битола, 2016.