Skip to main content

Колекторски систем

Пречистителна станица ќе се гради во Радожда

Со пречистителна станица во Радожда ќе се заокружи колекторскиот систем од струшка страна на Охридското Езеро. Ќе се намали загадувањето на езерото, како клучна препорака на Унеско. Владата лани во февруари, побара овој проект да биде приоритет, но изградбата се` уште не е започната.
 |  инфодеск  | 
ќе се гради пречистителна станица во Радожда

Со пречистителна станица ќе се заокружи колекторски систем од струшко Радожда. Ќе се намали загадувањето на Охридското Eзеро, како клучна препорака на Унеско, а водата ќе биде побезбедна за капачите.

Наместо продолжување на постоечкиот цефковод на колекторот од Елен Камен, поради заштеда на електрична енергија, ќе се гради пречистителна станица.

„Нашето размислување е Радожда да се реши со сопствена пречистителна станица со капацитетите кои што ги има Радожда. Пречистената вода да може директно да се влева во Охридското Езеро“ – вели Владимир Алексијоски, директор на ЈП „Колекторски систем“.

ЈП „Колекторски систем“ ќе го снима целосно колекторскиот цефковод, со цел да се детектираат дивите приклучоци кои го отежнуваат нормалното функцинирање, а во струшко ги има многу.

„Во план ни е да го снимиме целосно колекторскиот цефковод и да продолжиме со санацијата која ја отпочнавме, за која што ни беа доделени средства и истата таа како прва фаза е успешно завршена“ – вели Алексијоски.

Владата во февруари лани, побара проектот за колекторски систем во Радожда, во насока на отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, да биде приоритетен проект за 2021 – 2022 година, но изградбата се` уште не е започната.

Новинар Соња Рилковска