Физички напад
Тепачка во Куратица
35-годишен жител на Куратица бил нападнат од 38-годишник од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.05.2022 година во 23.50 часот во СВР Охрид приведен е З.Р.(38) од охридското село Куратица.
Тој, претходно, пред продажен објект во селото физички го нападнал Д.Ј.(35). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.


