23 медали за охридските таеквондисти
Таеквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, Охрид, се претставија во блескаво светло на неодамна завршениот Меѓународен ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“.
На турнирот кој се смета за најсилен во пролетната натпреварувачка сезона на Балканот, а е меѓу најдобрите и во Европа, таеквондистите од Лескоец под водство на нивниот тренер, Марјанчо Лазаревски (црн појас V дан) освоија вкупно 23 медали.
Во конкуренција од над 400 натпреварувачи од 12 европски земји, младите таеквондисти освоија 11 златни, шест сребрени и шест бронзени медали. За успехот да биде уште поголем, Христијана Парулеска освои пехар за најдобар женски кадет од 11 до 13 години, а на крајот на турнирот на целиот тим му беше доделен и Гран при пехарот за најдобар клуб на натпреварувањето.
Ова е уште еден огромен успех за таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лeскоец кој неодамна учествуваше и на Европско првенство на кое се закитија со три сребрени медали кои имаа златен отсјај.
Освоени награди:
Пехар за најдобар клуб, Прво место во севкупен пласман на „3 Гран При Зворник 2022“
Христијана Парулеска
Пехар за најдобар женски кадет 11-13 години
Златен медал во дисциплината форми- црвен појас, женски кадети (11-13 години)
Златен медал во дисциплината борби до 45 кг, женски кадети (11-13 години)
Софија Колушоска
Златен медал во дисциплината форми- син појас, женски кадети (11-13 години)
Бојана Китаноска
Златен медал во дисциплината форми- жолт виши појас, девојчиња (8-10 години)
Златен медал во дисциплината борби до 25 кг, девојчиња (8-10 години)
Тамара Тодороска
Сребрен медал во дисциплината форми- жолт виши појас, девојчиња (8-10 години)
Давид Ристески
Златен медал во дисциплината форми жолт виши појас, деца (8-10 години)
Стефан Чулчески
Бронзен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, деца (8-10 години)
Теодора Тодороска
Сребрен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, женски кадети (11-13 години)
Филип Зенгоски
Златен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, кадети (11-13 години)
Димитар Андрески
Бронзен медал во дисциплината борби до 40 кг, кадети (11-13 години)
Климент Богоески
Златен медал во дисциплината форми- жолт појас, кадети (11- 13 години)
Златен медал во дисциплината борби до 55 кг, кадети (11- 13 години)
Теодора Митреска
Сребрен медал во дисциплината борби до 60 кг, јуниорки (14-15 години)
Филип Митрески
Бронзен медал во дисциплината борби над 60 кг, кадети (11-13 години)
Бронзен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, кадети (11-13 години)
Лука Тодороски
Бронзен медал во дисциплината борби до 50 кг, кадети (11-13 години)
Михаил Јоноски
Бронзен медал во дисциплината борби до 65 кг, јуниори (14-15 години)
Владимир Димитриевиќ
Сребрен медал во дисциплината борби до 60 кг, јуниори (14-15 години)
Елена Јанеска
Златен медал во дисциплината форми- црн појас I дан, јуниорки (14-15 години)
Сребрен медал во дисциплината борби до 65 кг, јуниорки (14-15 години)
Давид Крстески
Златен медал во дисциплината борби до 60 кг, јуниори (14-15 години)
Сребрен медал во дисциплината форми- црн појас I дан, јуниори (14-15 години)