Skip to main content

Народен театар охрид

Во петок реприза на претставата Енергични луѓе

На 3-ти јуни, со почеток во 20 часот во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одигра претставата „Енергични луѓе“.
 |  инфодеск  | 
Енергични луѓе

Народниот театар од Охрид, слави 11 години од првата изиграна премиера. По тој повод во петок на 3-ти јуни, со почеток во 20 часот, ќе ја одигра претставата „Енергични луѓе” – според Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата играатНикола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.

Енергични луѓе

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.