Санација на дефект на водоводна мрежа
Утре без вода жителите на ул. Гоце Делчев
Утре неколку часа без вода ќе бидат корисниците на ул. „Гоце Делчев”, од улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи-Далјан.
Поради санација на дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев”, на ден 03.06.2022 година (петок) од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, (на потегот од улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи-Далјан).
Вклучени се и сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев”, во населбите: Кошишта, Воска и Далјан.


