Физички напад
Тепачка пред угостителски објект на ул. Кленоец
Охриѓанец нападнал сограѓанин пред угостителски објект на ул. „Кленоец“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.06.2022 година во 18.45 часот пред угостителски објект на улицата „Кленоец” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.(48) врз А.М.(42), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


