Skip to main content

Хрватски новинари во посета на Македонија

На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија,  од денеска до 18 август во земјава ќе престојуваат новинари од националната телевизија на Хрватска – ХТВ.

logo
лого
На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија,  од денеска до 18 август во земјава ќе престојуваат новинари од националната телевизија на Хрватска – ХТВ.

seloЦелта на посетата е презентирање на туристичките потенцијали на Македонија пред хрватската јавност,  а во фокусот на нивното внимание ќе бидат Крушево, Охрид, Струга и Вевчани.

Во соопштението од Агенцијата изразуваат задоволство што бројот на странските туристи, според статистичките податоци во јуни годинава, е зголемен за 19,7 отсто во однос на истиот месец од 2008 година.

Во периодот јануари-јуни оваа година во однос на истиот период од претходната година има зголемување на бројот на странските туристи од 9,5 отсто, додека бројот на ноќевања од странски туристи е зголемен за 6,1 отсто во однос на истиот период од претходната година.



{loadposition content9}