Skip to main content

Културно наследство

Се санираат куќарките во „Заливот на коските“

Продолжуваат активностите околу санацијата на оштетувањата на праисториските куќи од наколната населба „Заливот на коските“.
 |  Голабовски Крсте  | 
Залив санација

Продолжуваат активностите околу санацијата на оштетувањата на праисториските куќи од наколната населба „Заливот на коските“, предводена од стручни лица при Н.У.Завод и Музеј Охрид.

Во наредниот период ќе се работи на поправки на оштетените делови, односно на подовите и ѕидовите од праисториските куќи. При посетата на музејот, самите посетители ќе имаат можност одблиску да се запознаат и со изведувањето на конзервацијата на куќичките.

Залив санација

Конзерваторските активности се реализираат под раководство на Ванчо Димоски, конзерватор при Н.У. Завод и Музеј – Охрид.