Државен завод за статистика
Угостителските услуги во мај поскалеле за 9,7 отсто
Државниот завод за статистика денеска објави дека цените на угостителските услуги во мај поскапеле за 9,7 отсто на годишно ниво. Во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто.
Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани за 9,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување во мај во однос на април годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалоци за 0,1 процент.
Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 7 проценти, a во однос на декември лани зголемувањето е за 5,3 проценти.


