Полетаа првите ГПС еребици
По неколку денови напорна теренска работа тим на научници од МЕД, DOPPS – BirdLife Slovenia и National Park Galicica успешно залови две единки и им постави ГПС предаватели.
Целата акција се одвиваше во националниот парк Галичица околу локалитетите Велестово, Дава Ливада и цирковите под врвот Магаро.
„Статусот на еребиците камењарки на глобално ниво се движи кон засегнат а кај нас постојат многу малку податоци за нивната екологија и живот. Затоа, истражувањето со помош на телеметрија може да ни обезбеди јасна слика за територијата која ја користат, социјалното однесување на единките, распространувањето, презимувачките локации како и нивните закани“ – информираат од НП Галичица.
„Имајќи на ум дека ова е ловна птица колку повеќе знаеме за неа толку полесно ќе можеме да направиме добри акциски планови, мониторинг планови и ефективни конзервациски мерки“, – велат од паркот.