Одбележување на денот на АРМ
Денот на АРМ – 18. август ќе биде одбележан денеска со свечено престројување на вработените во Министерството за одбрана и на Генералштабот (ГШ).
Денот на АРМ – 18. август ќе биде одбележан денеска со свечено престројување на вработените во Министерството за одбрана и на Генералштабот (ГШ).
Според најавите, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување и стимулативни мерки по повод Денот на АРМ за припадниците на АРМ и Министерството за одбрана, а ќе бидат доделени плакети и благодарници за надворешните соработници.
Пригоден говор пред присутните ќе одржи Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, а на свеченоста ќе присуствуваат и Министерот за одбрана Зоран Коњановски, раководителите во Министерството за одбрана, претставници на ГШ, пензионираните генерали и поранешни припадници ГШ и на Министерството за одбрана.
{loadposition content9}