Основен суд битола
Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор
Алабаковски е осомничен за подметнување на пожарот во КЦ „Ванчо Михајлов“ во Битола, во саботата, кога изгоре влезната врата од објектот.
По поднесената жалба од адвокатот на Ламбе Алабаковски, Судскиот совет од Основен суд Битола ја преиначил одлуката за осумдневен притвор во мерка куќен притвор, објави Телма.
Алабаковски, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ денеска го напуштил одделението во затворот во Битола и бил спроведен во неговиот дом.
Пејачот е осомничен дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен клуб во саботата, кога изгоре влезната врата на објектот.
Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа протест под мотото „Слобода за Ламбе“.