Олаф Шолц утре во Скопје и Софија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја почнува дводневната турнеја низ Западен Балкан.
Во фокусот на неговата балканска турнеја, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
За денеска во неговата агенда се посети на Косово и Србија. Во Приштина ќе ги посети и германските војници во рамките на КФОР. Потоа ќе замине во Белград каде ќе има разговори со државниот врв на Србија.
Вечерта, па, ќе отпатува за Грција на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис каде во Солун ќе присуствува на вечера со претставниците на земјите о регионалната иницијатива „Процес за соработка во Јогоисточна Европа“ (ПСЈИЕ).
На самитот за ПСЈИЕ ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски, а во делегацијата со него ќе бидат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи.
По престојот во Грција, утре Шолц треба да го посети Скопје, а оттука да замине и за Софија.
Во фокусот на неговата балканска турнеја, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан и придонесот на Германија за подобрување на регионалната соработка и надминување на билатералните блокади. Покрај тоа, клучна тема на разговор ќе биде, како што е соопштено во Берлин, заедничката реакција на руската агресија врз Украина.