Денеска во 13:00 од Радожда започнува летниот пливачки подвиг на младиот, но веќе добро познат пливач Марко Пејчиновски.
Ова извонредно младо момче денес ќе стартува од Радожда, а целта е охридското пристаниште, при што должината на патеката е 14 километри.
Неодамна тој објави дека ова лето ќе има 10 препливувања од различни локации и должини, во 10 викенди и во кои ќе исплива 250 километри.
Тој во септември минатата година пливаше во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Претходно, на 1-ви август 2021, тој направи уште една авантура, откако по трет пат ја исплива делницата Охрид-Св. Наум-Охрид и подвигот го посвети на неговата мајка.
Марко пред четири години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.