Речиси осум децении од смртта на Коста Солев Рацин
На денешен ден пред 79 години на планината Лопушник, Кичевско, загинал Коста Солев Рацин, книжевник, партизан, еден од основачите на македонската современа поезија.
Роден во Велес на 22 декември 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви.
Речиси осум децении од смртта, а сè уште ненадминлив, еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература.
Покрај тоа што се занимаваше со поезија, има напишано и прозни и теоретски трудови. Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот претставуваат ремек дела за тогашната македонска сцена.
Прерано заминува од овој свет, во сè уште не разјаснети подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.
Културно информативниот центар Скопје вечер организира настан во чест на Кочо Рацин насловен „Чествување на поезијата на Коста Солев Рацин.