Започнаа балканските училишни спортски игри, Охрид 2022.
Настанот го организира Федерацијата за училишни спортови на Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.
„Средношколци од различни земји, во Охрид ќе го развиваат тимскиот дух, ќе го усовршуваат фер плејот и ќе почувствуваат здрава компететивност“ – потенцира директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Ќе учествуваат околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Младите средношколци ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини и тоа:
- Ракомет – машки и женски
- Кошарка 3х3 – машки и женски
- Футсал – машки и женски
- Одбојка на песок – машки и женски
- Пинг-Понг – машки и женски
- Атлетика – машки и женски (100м, скок во далечина и фрлање ѓуле)
- Шах – машки и женски
Целта на овој настан е зближување на младите спортисти од Балканот, создавање нови познанства, премостување на разликите и обид преку спортот да се реализира идејата за ОТВОРЕН БАЛКАН – кажа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. Затварањето на игрите е на 16ти јуни.