Утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи поетско – литературна средба со авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.
Во Прличевата одаја промоторите поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска, како и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“, „Магични љубовни зборови“, „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска.
Четирите книги (три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.
Промоцијата ќе биде збогатена со неколку македонски новокомпонирани песни – стиховите се дело на Оливера, а во изведба на нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе.
Поезијата и прозата на Оливера се продукт на личното животно искуство, „приказните“ собирани и слушани во секојдневното окружување и како кај секој творец надоградени со низа имагинарни ликови и ситуации.